Почитувани, во процес сме на пуштање на нова веб страна. Доколку имате проблеми во процесот на правење нарачка, Ве молиме контактирајте со нас на  070/279-801

  • 0
  • 0
      Вашата кошничка е празна.
10 работи кои ви се потребни за почеток на школската година достапни во Клевер-мк

Еден од најзабавните работи пред први септември  е уредувањето на вашиот нов ранец со најомилените материјали за во училиште. На нашиот список со училишни материјали, ќе најдете корисни работи за на училиште, од слатки и функционални тренди ранци до ситен прибор, маркери, тефтери, тетратки... Најпопуларни предмети обично се пенкалата, тетратките и ранците, но не можевме да одолееме да додадеме на листата неколку мемо ливчиња со креативни форми. 

Продолжете да читате за да ги откриете предметите  кои не смеете да ги заборавите пред почетокот на школската година.

1. Ранци
Ранците се неопходни, но не се сите еднакви. Ако сте фан на едноставни дизајни тогаш погледнете го ранецот Berna. Доаѓа во речиси секоја боја и големина што можете да ја замислит. Додека пак вашето дете сака впечатливи и слатки дизајни тогаш погледнете ја ташната 40124. Таа има специфичен и сладок дизајн со димензии 340х110х260 мм.

2. Несесер за моливи
Несесерот за моливи Erich Krause e можеби најслаткиот несесер за моливи што некогаш сте го виделе, па не е чудно што е еден од најпродаваните во Клевер-мк. Ако претпочитате поедноставна опција, тогаш одберете го белиот несесер за моливи. Двата несесера имаа доволно простор за пенкала, моливи, маркери, гуми за бришење, како и за други училишни предмети.

3. Пенкала и моливи
Ништо не го надминува пишувањето на хартија со танко хемиско пенкало или свежо наострен молив.
Моливот тенкоминец Трио пастел 0,5 Erich Krause е достапен во шест пастелни бои, како и со гума под капачето и димензија на мина 0,5. Додека пак кога се работи за хемиски пенкала, асортиманот на хемиски пенкала на Клевер-мк, само ќе набројам неколку кои можете да ги разгледате:

4. Острилки за моливи
Острилките за моливи се задолжителниза секој ученик. Ако сте во потрага по острилки кои може да ги чувате во секој работен простор и несесер или можеби преферирате електрични острилики тогаш проверете ја категоријата моливи,мини,острилки,гуми на нашиот веб сајт. Наш предлог е да ја погледнете електричната острилка Dahle 250. Оваа острилка е со причина бестселер!

5. Тетратки
Од стандардни тетратки потребни за во училиште или доколку сакате да имате уникатни и различни тетратки од другите соученици, тогаш Клевер-мк е идеалното место за вас. Имаме широк асортиман на тетратки, некои од нив вклучуваат корисни додатоци како што се пенкало, калкулатор, џебови за визит картички или втиснати лепливи ливчиња.

6. Маркери
Асортиманот на Клевер-МК ви нуди широк избор на маркери. Од маркери за пишување на различни површини до маркери за истакнување на важни делови од текст, кај нас ќе најдете производи што одговараат на сечиј вкус и сечии потреби. Без разлика дали сте ученик или студент,  користете маркери во боја и секоја ваша идеја ќе биде организирана и визуелно прикажана.

7. Папки
Папките се многу практични во нашиот секојдневен живот. Можете да ги употребувате за чување најразлични предмети, како документи, ножици, лепила, пенкала, но и козметика и најразлични ситни предмети кои сакате да ви бидат организирани и секогаш при рака кога ќе ви затребаат. 

8. Планери
Одржувајте го вашиот училишен и личен живот на вистинскиот пат со овие планери. Верувајте ни, тие ја менуваат играта и ќе ви помогнат никогаш да не пропуштите домашна задача, испит или вежбање. Еве да останете организирани оваа учебна година!

9. Мемо ливчиња
Лепливите мемо ливчиња се задолжителни за запишување белешки и се одличен водичи за учење. Со нив можете да го направите учењето на вашето дете поинтересно и позабавно, користејќи мемо ливчиња во различни бои. Различните бои помагаат во визуелната организација на информациите и можат да го направат процесот на учење полесен и поефикасен. Примената на различни бои за различни теми или задачи може да го подобри памтењето и да го стимулира интересот на вашето дете.

10. Термос
Термос или било кое шише за вода со повеќекратна употреба е од суштинско значење за секого. Хидратацијата е важна особено во училиште, каде што децата често забораваат да пијат доволно вода. Со шише за вода што може да се носи секојдневно, се осигурувате дека вашето дете ќе има лесен пристап до течности и ќе го одржи оптималното ниво на хидратација, што е клучно за концентрацијата и здравјето.

Подготовката за новата учебна година е идеален момент да се осигурите дека имате се што ви е потребно за успешен старт. Од изборот на тренди ранци и практични несесери до корисните планери и мемо ливчиња, секој предмет на нашиот список ќе ви помогне да бидете организирани и подготвени. Не заборавајте на важноста на хидратацијата со термос или шише за вода. Со сите овие материјали, вашиот ранец ќе биде спремен за новите предизвици и авантури што ве очекуваат. Подгответе се со стил и практичност за новата учебна година со помош на Клевер-мк!